Uncategorized

Во Србија студентите не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

Вкупно 33 факултета во Србија се блокирани, јавија српските медиуми. Во Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац блокирани се вкупно 33 факултети, а студентските протести како лавина се шират и секој ден се се поголеми.

Студентите на факултет низ Србија деноноќно протестираат барајќи одговорност за жртвите од трагедијата во Нови Сад и објавување на комплетната документација за реконструкција на железничката станица.

Протестите започнаа на Факултетот за драмски уметности на 25 ноември, откако студентите и професорите  блокираа булевар за време на петнаесетминутниот молк за да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад, кога беа нападнати од насилници, кои подоцна беа поврзани со владејачката партија – СНС. По инцидентите студентите ја блокираа зградата на ФДУ и оттогаш меѓу другото бараат и кривично гонење на напаѓачите.

Деканатот на тој факултет ги поддржа своите студенти.

Студентите од тие факултети низ Србија секој петок во 11:52 часот застануваат и молчат по 15 минути, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Блокадите на факултите започнаа откако насилници ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности со кои сега се солидаризираа нивите колеги. Тие се единствени и во барањата – да се гонат одговорните за падот на настрешницата, како и напаѓачите на студентите, а приведените учесници на протестите да бидат ослободени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, во одделни котлини наутро со појава на магла – Временска прогноза за 16.1.2025

Дејан Дејан

Аерозагадувањето го зголеми бројот на пациенти – лекарите уверуваат дека клиниките имаат капацитет за справување со ситуацијата

Дејан Дејан

ЈАС СУМ ГНЕВ – недела, 12 јануари 2025 – 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе