Вести Македонија Топ вести

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Скопската Зоолошка градина се пофали со нов подмладок кај белите волци. Во ова живеалиште се родени две мали волчиња, кои во првите недели од животот најголемиот дел од времето го поминуваат покрај својата мајка.

Од Зоолошката градина информираат дека младенчињата засега ретко можат да се забележат од посетителите, бидејќи природно се кријат во дупки и засолништа, исто како што тоа го прават и волците во дивината.

„Кај нашите бели волци пристигна подмладок – две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Тие сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Најчесто се кријат во дупки и засолништа, па фотографиите се направени во ретки моменти кога излегуваат надвор и љубопитно го истражуваат просторот“, велат од Зоолошка градина Скопје.

Од таму додаваат дека мајката постојано се грижи за младенчињата и им обезбедува сигурна средина за раст и развој.

Белите волци се меѓу поатрактивните животни во скопската зоолошка градина, а раѓањето на новите младенчиња претставува позитивна вест за програмите за одгледување и зачувување на овој вид во контролирани услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

ЕУ смирува: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе