Вести Свет

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Сериозна штета на американскиот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, откако во март избувнал пожар на бродот за време на воените операции на САД во регионот на Блискиот Исток.

На видеата од внатрешноста на бродот се гледаат целосно уништени простории во кои бил сместен екипажот. Од креветите останале само изгорени метални конструкции, таваните се сериозно оштетени, а електрични кабли висат од ѕидовите и плафоните. Подовите се покриени со пепел и остатоци од пожарот.

„Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот. Во таква ситуација имате само два избора – да се борите или да умрете“, изјавил еден од морнарите за Си-Ен-Ен, опишувајќи ги драматичните часови додека екипажот се обидувал да го стави огнот под контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Tea Dimkovska

ЛДП: Додека се купуваат комбиња, поштенските објекти пропаѓаат

Tea Dimkovska

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе