Uncategorized Вести Македонија Свет Топ вести

Зоран Заев доби место во мемоарите на Меркел, нема други живи балкански политичари

„Храбар и решителен”, биле карактеристиките со кои поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во своите мемоари, го опишала екс премиерот и до пред две години лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Германскиот новинар Михаел Мартенс на социјалната мрежа Икс дава кус осврт за делот од мемоарите на Меркел, кој се однесува на Западен Балкан, при што тврди дека Заев е единствен (жив) политичар од регионот, спомнат во делото на моќната германска политичарка.

Меркел, како што открива германскиот новинар, не ги споменува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов, ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Во мемоарите не биле спомнати ниту поранешниот грчки министер за финансии Варуфакис, ниту, пак, екс премиерот на Австрија, Себастијан Курц.

Новинарот Мартенс тврди дека за некои политичари-современици на Меркел, канцеларката не ги спомнува како еден вид казна затоа што или биле недоверливи или не биле посакувани за соработка.

Мемоарите на Меркел се на 720 страници (оригинална верзија на германски јазик) и ќе бидат промовирани во над 30 држави истовремено. Германската „железна лејди” преку широката промоција на своите мемоари сигурно ќе оствари влијание на јавната сцена, особено пред клучните германски избори догодина.

Особено ќе биде интересна промоцијата на мемоарите во Вашингтон пред да почне вториот мандат на Доналд Трамп. За неговото прво владеење со САД, Меркел нема многу фини зборови и го опишува како политичар кој се однесува како агент за недвижности во глобалната политика, открива новинарот на ФАЗ, Мартенс.

Мартенс имал пристап до мемоарите на Меркел и тврди дека најчест бил рускиот претседател Владимир Путин, кој бил споменат над 140 пати во мемоарите кои се викаат „Слобода: Мемоари  1954-2021“.

Меркел ги опишува својот живот во Источна Германија од времето на комунизмот, промените во германската политика по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето, нејзиниот политички пат под менторство на легендарниот канцелар Хелмут Кол, како и нејзината кариера како најмоќна жена во светската политика во 21-от век.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска го помилува за денот на ВМРО, обвинителството му поднесе обвинение бидејќи како затвореник на работно отсуство Акиф Равмановски застрела и рани човек

Дејан Дејан

Помилување за доктор Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом – одлука на Бајден за спречување на одмазда од Трамп

Дејан Дејан

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе