Код Македонија

КОД: Имала ли Касинос Аустриа лиценца за приредување игри на среќа?

На три дена пред дочекот на 2013 во Собранието ќе се усвојат измените на Законот за игри на среќа. За прв пат државата ќе даде можност во бизнисот тежок милиони и милиони евра да влезе и странски партнер. А бериќетна годината ќе се покаже за Касинос Аустриа.

Странската фирма ќе ја добие можноста да се здружи со државна лотарија и заедно да приредуваат електронски игри на среќа. Договорот за основање на видеолотарија ќе биде потпишан во декември 2013 година.

Но, во деталите кои ги откри КОД се кријат недоумиците, со кои се доведува под прашање целосната легитимност на документот. Дали всушност се исполниле сите услови од законот за да се стави потпис на него.

Имено, според член 7 став 3 од Законот за игри на среќа:

„Електронските и интернет игрите на среќа се приредуваат од страна на трговското друштво од ставот (2) на овој член, односно Државната лотарија, „само или заедно со други приредувачи“.

Значи Државната лотарија всушност може сама или со други приредувачи да биде во бизнисот на среќата. Членот 2 од истиот закон пак прецизира што значи приредувачи.

„Приредувач на игра на среќа е трговско друштво со седиште во Република Македонија на кое му е издадена лиценца, односно дозвола за приредување на игри на среќа и трговско друштво во кое содружник или акционер е Република Македонија и е основано за приредување на игри на среќа“.

Значи, освен Државната лотарија, приредувач на игри на среќа е секое трговско друштво кое има лиценца за тоа, односно дозвола за приредување игри на среќа.

А во зависност од тоа со какви игри на среќа сакаат да се бават приредувачите зависи и висината на основачкиот влог кој мора да го имаат за да ја добијат истата. Од 40 илјади евра, па се до два и пол милиони евра требало да имаат фирмите во тоа време во основната главнина доколку сакаат да се бават со овој бизнис. Речиси истите правила на игра важат и денес.

А Касион Асутриа, како што и сведочат документите од Централниот регистар била основана само со 7700 евра. Тоа значи дека не ги исполнувала законските одредби за воопшто да поднесе барање за лиценца до надлежното министерство за финансии.

Било каква лиценца можела да извади странската фирма, но ги немала ни најниските средства од 40 илајди евра за лиценца за на пример приредување на интернет игри на среќа.

„Барање за добивање на лиценца за приредување на интернет игри на среќа може да поднесе трговско друштво, кое е регистрирано во Република Македонија, кое има основна главнина од најмалку 40.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата и кое ги исполнува посебните услови пропишани со овој закон за оној вид на лиценца за интернет игри на среќа за кој се поднесува барањето“, се наведува во член 98 став 4.

Највисоката главнина, за една фирма да добие лиценца за електронските игри или за казино, според тогашниот закон, била два и пол милиони евра.

„Лиценца за приредување на електронски игри на среќа може да добие трговско друштво кое има уплатено основна главнина која не може да биде помала од 2.500.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата“, гласел членот 50 во Законот за игри на среќа.

А договорот на Државна лотарија и Касионс Аустриа се доведува во прашање бидејќи или бил склучен со фирма која немала лиценца за приредување на игри на среќа или таа лиценца била издадена нелегално.

Го прашавме Министерството за финансии дали Касионс Аустриа од нејзиното основање поднела барање за добивање на лиценца, но не добивме одговор.

КОД и во мината емисија пишуваше за спорните членови од договорот со кои наместо државата како содружник со мнозински удел од 51 процент, монополот во видеолотарија го има Касионс Аустриа. А со доаѓањето на чело на професорот Александар Климовски на Државна лотарија, кој бил всушност консултант за странската фирма се отвори дилемата чии интереси ќе брани. На Државна лотарија или на Касионс Аустриа?

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Зошто нашите градови се небезбедни?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе