По спроведувањето на првиот инкубаторски повик #ИмамИдеја1 преку кој беше овозможено менторство на 12 бизнис идеи, развој на 8 стартапи во почетна фаза и 3 инвестиции од домашни и странски инвеститори, тимот на Стартап Клуб Скопје е мотивиран повторно да ја започне тримесечната инкубаторска програма.
Инкубаторската програма овозможува поддршка во вредност од 10 000 евра која вклучува, развој на бизнис модел, стратегија за настапување на пазарот, правна и административна поддршка, стартап финансирање, менторство при бизнис и маркетинг стратегија, развој на MVP, користење на заеднички канцелариски простор во склоп на Стартап Клуб Скопје. Завршниот дел од програмата го вклучува настанот „Демо Ден“, каде преку презентации пред избрани инвеститори, бизнис ангели, и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите први инвестиции.
Повикот е отворен до 20ти ноември за тимови и индивидуалци кои имаат уникатна бизнис идеја и се подготвени истата да ја реализираат во наредите 5 месеци, а својата апликација за учество можат да ја поднесат преку следниот формулар: https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7.
Селекцијата за учество на инкубаторската програма ќе ја направи внимателно избрана комисија од ментори и инвеститори врз основа на критериуми како што се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и слично. Според овие критериуми ќе се одберат 30 идеи кои ќе учествуваат на тридневен хакатон. За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма која ќе вклучи вкупно 15 бизнис идеи.
Со оваа програма, Стартап Клуб Скопје презема конкретни чекори кон остварување на својата главна цел: Поддршка и развој на стартап заедницата и севкупниот стартап екосистем, преку обезбедување на потребните ресурси, обуки и знаење за младите претприемачи зголемувајќи ги можностите за успех на стартап идеите во Македонија.
Пријавувањето за учество на Инкубаторската програма е отворено до 20 ноември 2024. Сите тековни информации за менторите и поддржувачите на програмата може да ги погледнете на официјалните профили на Стартап Клуб Скопје, фејсбук, инстаграм и линкедин.
Направете го првиот чекор кон градење на сопствен бизнис и аплицирајте за учество на #ИмамИдеја2: https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7 !