Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Директорот на АНБ Бојан Христовски и уште најмалку 499 лица се под истрага на МВР дека   користеле лажни фалсификувани сертификати

Директорот на АНБ Бојан Христовски и уште најмалку 499 лица се под истрага на МВР дека   користеле лажни фалсификувани сертификати, уверенија и документи а полицијата ќе постапувала професионално и неселективно за сите за кои има индиции дека го прекршиле законот најави министерот Панче Тошковски. Тој избегна да одговори дали и што точно презема полицијата во конкретниот случај.

Прашан дали смета дека Христовски треба да си поднесе оставка и дали тоа ќе му го порача на средбата кај претседателката Силјановска – Давкова на состанокот на Советот за безбедност,

Обвинителството кое веќе соопшти дека отворило предмет за кој се води предистрага околу сертификатот за положен испит за англиски јазик на директорот Христовски минатата недела добило две анонимни кривични пријави.

За сертификатот на  Христовски  предмет отвори и Антикорупциската Комисија.

Според документите со кои располага порталот „360 степени“ од трговскиот регистар на Р. Бугарија , компанијата „Јулија“ од Пловдив, од каде што Христовски го поседува сертификатот за положен ТОЕФЛ испит по англиски јазик нема пријавено приходи по 2016 година и нејасно е како спроведувала испити и како Христовски полагал во 2022 година а немала никакви приходи. Оваа компанија е затворена и е преселена во Р. Грција.

Инаку веќе има две условни пресуди за директорки на училиште за користење на лажен сертификат од истото училиште „Јулија“ од Пловдив од каде е издаден документот и на Христовски. Во дел од пресудата на која е посочено името на училиштето се вели дека директорките употребиле фалсификувани документи за да се пријават на конкурсот. И двете признале вина дека изработиле непостоечки документ за што добиле условни затворски казни од две години. Пресудата е донесена на 9 ти октомври.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе