Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ по средбата со својот црногорски колега изјави дека Подгорица е подготвена многу сериозно да работи на отворените прашања меѓу двете земји, како што се прашањето за исчезнатите лица, обештетувањето на затворениците или имотно-правните прашања.
На маргините на Смиот во Тиват, Пленковиќ имаше билатерална средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.
„Хрватска очекува решение за прашањето за обештетување на затворениците и пронаоѓање на 14 исчезнати од Татковинската војна, и дека Подгорица ќе продолжи со гонењето на воените злосторници“ рече Пленковиќ.
Тој истакна дека Загреб сака и решение за имотно-правните прашања на хрватските семејства кои останале без имот во Црна Гора, а чии судски постапки се заглавени.
Премиерот го спомена и прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, местото каде што хрватските затвореници биле малтретирани за време на Татковинската војна, како и потребата од промена на името на базенот во Котор кој го носи името на чуварот на тој логор.
Хрватска бара и разговори за границата, како и враќање на едрилицата „Јадран“, долга шеесет метри која бил регистрирана во флотата на хрватските пристаништа до 1991 година, но во времето на војната била на поправка во Црна Гора, и оттогаш не ја вратиле.
Пленковиќ нагласи дека Црна Гора е таа што сака што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ и да влезе во унијата, што теоретски би можело да се случи до 2028 година доколку има политичка волја.
