Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствува на Самиот ЕУ-Западен Балкан во Тиват објави слика со францускиот претседател Емануел Макрон.
На постот, тој пишува дека имале пријателска и срдечна средба на која разговарале за регионот, за прашања важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои како што пишува долго време работеле.
„Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка“, пишува на фејсбук профилот на Мицкоски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
