Вести Македонија Наука и здравје

Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника „Жан Митрев“

Тимот доктори од Клиника „Жан Митрев“ предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри.

Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.

Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника „Жан Митрев“, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.

Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, додека во медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.

Клиника „Жан Митрев“ со проширувањето на дејностите постојано воведува нови хируршки и терапевтски интервенции и поставува нови стандарди во здравствената пракса во земјава, за подобра нега и здравствена услуга за пациентите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе