Помилувањата се дел од секоја држава, ние имаме помалку помилувања о другите држави, а полоши услови во затворите, вели професорот Гордан Калајџиев во разговор за Телма, кој е и член на Комисијата за помилување на чија листа се најде Акиф Равманоски, помилуваниот припадник на нарко кланот „Барон“.
Тој денеска излезе од Идризово со документот дека е помилуван, но обивнителството го бара притвор поради истрага за убиство во обид од пред 10 дена во Чаир.
- „Конкретното пукање не само што не беше познато, туку беше после нашата одлука. И во судскиот систем се случуваат пропусти, кои не се намерни и ние не велиме дека овие се најдобрите. Никој нема апсолутни информации, а дел од тие информации се шпекулации. Значи кога би било докажано дека овој водач на клан, се дотогаш за него важи претпоставка на невиност. Од тој аспект гледано овие напади се неосновани и мислам дека повеќе имаат политичка позадина или едноставно таков ни е менталитетот. Помилувањата се ние имаме помалку помилувања од другите држави, а полоши услови во затворите,“ објаснува за Телма професорот Калајџиев.
На прашањето на Телма дали ако Комисијата за помилување знаела дека е осомничен за обид за убиство ќе го ставеле на листа за помилување, Калајџиев вели да знаевме и да имавме некои релевантни податоци за тоа ќе бевме попретпазливи и најверојатно немаше да го ставиме.
- „Сега јас не можам да кажам, бидејќи јас не одлучувам сам, но со оглед на тоа што комисијата е прилично рестриктивна, не затоа што е таква по состав, туку по наследството и особено заради критериумите на Министерството за правда. Во суштина Министерството за правда со комплетно негативен став нас не ни помага, бидејќи тие би требало да го направат првиот избор и нас да ни помогнат да дофилтрираме или да ги провериме дали тие конкретни предлози се добри и соодветни. А само симнување на одговорноста, со стилот, ние не даваме на никого, па вие сега ќе не прозивате нас или претседателката тоа според мене е некоректно и не е соодветно на замислата на правниот поредок,“ објаснува за Телма професорот Калајџиев..
На прашањето на Телма дали има потреба повторно да има јавен обвинител во комисијата, Калајџиев, како член на Комисијата за помилување рече дека податоците дали се води формална постапка тие ги добиваат.
„Судиите и обвинителите исто така ги немаат овие податоци, до нив доаѓа конкретно кога ќе има кривично дело и кога ќе отворат постапка тоа веќе влегува во документацијата што ние ја добиваме. Непотврдени инциденти улоги во криминални групи кои што не се влезени во процедура ги немаат и тие“, дециден е Калајџиев.
Во продолжение целосното интервју со професорот Кајалџиев, со кого разговараше Марија Митевска.