Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Освен кучиња скитници, низ градот има змии, а се шетаат и крави – Скопје станува небезбедно место за живеење

Улични кучиња речиси во секоја општина во градот Скопје. Граѓаните загрижени за нивната безбедност побараа од надлежните да преземат мерки.

Од почетокот на годинава до сега на територија на Град Скопје до министерството за внатрешни работи пристигнале 752 пријави на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. И тоа најмногу во полициските станици во Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош, а најмалку во Арачиново, Мирковци и Сарај.

Побаравме став од градот колку пријави на граѓани се стигнати до градските служби, но до објавување на овој прилог не добивме одговор. Но затоа на нивната веб страна може да се види дека освен тужбите, градот преку спогодба пробува да ги реши проблемите на скопјани. Па во зависност од степенот и сериозноста на повредите, за претрпена штета исплаќа од 30 до 100.000 денари.

Последниот случај кој ја згрози јавноста е кога ракометарот на Вардар, Вуко Борозан беше нападнат од кучиња скитници и има 15-тина конци по рацете, нозете и телото. Тој сега е во добра состојба, но останува неизвесно дали ќе може да го одигра вечерашниот меч.

Проблемите на скопјани велат граѓаните се нижат, а сведоци се и на многубројни настани во градот. Едни од животните во скопската зоолошка градина под клуч поради појава на птичји грип, други слободно се шетаат по главниот град. На скопскиот плоштад, покрај граѓаните и туристите, топлото време за прошетка го искористи и една змија. Слична е слкиката и на неколку километри од центарот на градот во скопско Ѓорче Петров.

Од Град Скопје одговорноста за појава на змии и други влекачи во населени места ја лоцира во општините.

„Во член 15, став 1, точка 4, од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно 10-те општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија“, велат од Град Скопје.  

По улиците на главниот град граѓаните секојдневно забележуваат и дефектни автобуси.

Црвените автобуси редуцирани, а автобуските постројки преполни. Граѓаните се жалат дека чекаат превоз и повеќе од половина час, а делумно возат и приватните превозници.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе