Вести Култура Топ вести

„ Бели ноќи“ во МНТ потсетува на заборавените вредности

Осаменост, отуѓеност, невозвратена љубов, потрага по подобар живот… Ова се универзалните прашања што ги отвора камерната претстава „ Бели ноќи“, чија премиера вечерва се одржува на малата сцена на МНТ. Претставата ја постави и за неа направи адаптација , според новелата на Достоевски, Звездана Ангеловска, на покана на актерот Дамјан Цветановски .

  • Мислам дека е многу квалитетно и потребно и значајно да се работат писатели како Достоевски, кои што загребуваат во длабината на душата и ги бараат и најнаивните, идеални моменти од нас. Но, и најмрачните моменти и најголемите сомнежи кои што ги имаме . И стравови кои што ги имаме, кажа Дамјан Цветановски, актер.
  • Заеднички го читавме делото. Прво сакав нив да ги слушнам. Значи, многу го читавме делото. Потоа во разговорите, во анализата кога тргнавме, морав да насетам што нив двајцата како актери ги загребува. Ние потоа тематски ги разглобувавме проблемите, настаните, вели Звездана Ангеловска, режисерка на претставата.

Покрај младиот, но веќе истакнат актер Цветановски во ликот на Сонувачот, во претставата , во која се мешаат реалноста и соништата на уметник и на посветеничка на уметноста, настапува скоро дипломираната актерка Ана Јовановска , во улогата на Настенка.

  • Достоевски се бави и со една многу значајна тема . А, тоа е ветувањето. Ние денес малку имаме заборавено што значи да ветиш некому, или да се ветиш некому. А, подоцна можеби да сватиш дека тоа не било она што вистински си го сакал, вели Ана Јовановска, актерка.

Автор на сценографијата, која кореспондира со комплекноста на односите меѓу ликовите, е Мартин Манев. Роза Трајческа – Ристовска беше ангажирана за костимите, во кои се меша епохата и совремието, а суптилната музика ја компонираше Марјан Неќак. Според прикажаното „ Бели ноќи“ не потсетуваат на потребата од безусловна љубов, искреност и добрина меѓу луѓето, денес.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе