Вести Култура Топ вести

Јужнокорејката Хан Канг ја освои Нобеловата награда за литература

Јужнокорејската писателка Хан Канг ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската кралска академија.
Во образложението на академијата се вели дека 53- годишната Канг е наградена за интензивната поетична проза, во која ги опишува историските трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот. Хан Канг е првата јужнокорејска добитничка на Нобеловата награда за литература, која комисијата ја нарече личност посветена на музиката и уметноста. Во образложението се додава и дека нејзината работа ги поместува границите со истражување на широк спектар жанрови.

Таа стана лауреат на Нобеловата награда за литература , во конкуренција со руската писателка и критичарка на Путин, Људмила Улицка, кинескиот авангарден писател Кан Кју и британскиот писател Салман Ружди.
Канг е осумнаесеттата жена што ја освои Нобеловата награда, откако се доделува од 1901 година. Покрај Нобеловата, таа е добитничка и на Букеровата награда во 2016 година, за нејзиниот роман „ Вегетаријанец “

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе