Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Министерството за здравство започнува истрага за смртта на новороденче

Бебето кое почина на Детската клиника во Скопје било одбиено за хоспитализирање, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.

Според него, детето било враќано без соодветна нега.

Најави дека посебна комисија ќе ги истражува причините за тоа.

Таравари нагласи дека одговорните за трагедијата мора да понесат одговорност.

Семејството на бебето изрази гнев и тврди дека детето починало поради неодговорно препраќање помеѓу клиниките.

Роднините најавија дека ќе бараат одговорност по обдукцијата.

Опозициската СДСМ изрази загриженост за смртта на новороденчето и повика на итно утврдување на причините и одговорноста, нагласувајќи дека ова е втор трагичен случај во здравството за една недела.

Според нив ситуацијата отвора важни прашања за функционирањето на здравствениот систем и потреба од реформи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе