Вести Магазин Наука и здравје

Марсовски песок може да се користи за градење во вселената

Песокот пронајден на површината на Марс и Месечината може да се претвори во цврсти тули кои би можеле да се користат за изградба на идни населби во вселената, открија научниците од Даблин.

Истражувачите од колеџот Тринити во Даблин открија начин на поврзување на реголит – површински карпи, песок и прашина  на ниски температури и минимална енергија. Блоковите, изградени со јаглеродни наноцевки, имаат релативно мала густина, но покажуваат јачина што се приближува до онаа на гранитот и би можеле да создадат дополнителни копнени структури.

Професорот Џонатан Колман, кој го води истражувачкиот проект, рече дека откритието може да помогне да се ограничи количината на градежни материјали што ќе треба да се транспортираат надвор од Земјата за да се изгради база на Месечината.

Кога ќе се градат структури во вселената, ќе треба да користат ограничен материјал од земјата, бидејќи тие се тешки за транспорт. Создавањето блокови со реголит и јаглеродни наноцевки во голема мера ќе ја минимизира потребата за транспорт на градежни материјали во вселената.

Градежните блокови спроведуваат струја, со тоа тие можат да се користат и како внатрешен сензор за следење на структурното здравје на вонземните згради. Овие структури ќе бидат изградени за да го задржат воздухот, па затоа е од клучно значење да се откријат и следат знаците за раните предупредувања дека блоковите откажуваат.

„Ова ќе значи големо потпирање на реголит и вода, дополнети со мали количини адитиви произведени на Земјата“. Истражувачите веруваат дека откритието може да има и практични импликации за градежната индустрија на Земјата.Ова е поради сличен нано материјал наречен графен. Големи количини графен може да се мешаат со цементот во бетонот, што може да ја зголеми цврстината на бетонот за 40 отсто.

Зголемувањето на јачината на бетонот ја намалува количината потребна за изградба на конструкции. Бетонот во моментов е најупотребуваната вештачка материја во светот. Глобалното производство на бетон е одговорно за околу 8 отсто од вкупните светски емисии на јаглерод диоксид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира Тикток

Дејан Дејан

(ФОТО) Превртен автомобил наопаку сообраќајка на Партизанска

Дејан Дејан

Пронајден пестицид во зелка од Македонија на границите на Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе