Вести Македонија Топ вести

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на државната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев за Телма вели дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и подолго време се жалел на болки. Видевски инаку има трансплантиран бубрег. Од декември се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари, а вчера бил пренесен во болница.

На 20 септември започна судењето во кои обвинети се и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Љупчо Палевски Палчо.  Според обвинението, велешанецот Панче Жежовски бил убиен за да се искористи неговиот Цитроен во грабнувањето на Вања, а крајната цел била да се присили нејзината мајка Зорица да даде парични средства за откуп.

Во случајот е обвинет и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски за помагање при грабнување. Следното рочиште за случајот е закажано за 7 октомври кога како сведок е повикана Зорица Ѓорчевска, како и роднини на Жежовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе