Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Македонија на состанокот на советот за општи работи на ЕУ, проширувањето останува приоритет

Нов импулс за интеграцијата на Западниот Балкан е целта која ја зацртала Унгарија како претседавач со Европската унија, што денеска по одржувањето на Советот за општи работи на Европската унија го соопшти унгарскиот министер за европски прашња, Јанош Бока. Таа ќе бара политика на проширување заснована на систем на заслуги, балансиран и кредибилен процес.

„Очекуваме да биде направен опиплив прогрес во интеграцијата на овие земји и продлабочување на соработката преку претстојниот самит ЕУ – Западен Балкан и Европската политичка заедница“, изјави Бока.

Бока информираше за првиот состанок на Советот за општи работи на кои учествуваа и Македонија, Србја, Црна Гора и Албанија, а на кој се разгледувале извештаите на членките, но и на кандидатките од Западниот Балкан, за механизмот за владеење на правото. Дискусијата се фокусирала генерално на трендовите за владеење на правото и без донесување на формални заклучоци.

„Советот ги поздрави сеопфатните реформи кои тие ги спровеле или ги иницирале за да го зајакнат владеењето на правото и ги охрабруваме да продолжат со реформските напори како подготовка за членство во ЕУ“, изјави Бока.

За четирите земји-кандидати кои денеска за првпат учествуваа на Советот за општи работи како најнапредни во делот на владеењето на правото, еврокомесарот за правда Дидер Рејндерс рече дека секоја од нив е јасно посветена да преземе мерки да го зајакне владеењето на правото, а Унијата ќе ги поддржи во нивните реформи.

„Пристапниот процес е и ќе остане процес целосно заснован врз заслуги во кој секоја земја-кандидат ќе биде оценувана според нејзиниот прогрес кон исполнување на сите критериуми. Владеењето на правото и фундаменталните вредности се камен темелникот на овој процес“, изјави Рејндерс.

Во контекст на проширување Рејндерс најави дека Комисијата ќе го презентира пакетот за проширување за неколку недели со детална анализа на состојбата во земјите и направениот прогрес, што ќе биде момент да се види со кои чекори ќе се продолжи. Според него тоа нема да биде важно само само за земјите-кандидати, туку и за сама Унија и нејзината подготвеност да расте.

Инаку Македонија на денештиот Совет за општи работи ја претставуваше мнистерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој на состанокот ја поздравил одлуката на Унијата за вклучување на земјите од регинот во механизмот, креиран за мерење на владеењето на правото во земјите-членки.

„Гледајќи напред, бараме целосно учество на земјите кандидати во овој механизам, вклучително детални препораки и мониторинг, што ќе придонесе за брзо усогласување со европските стандарди. Ова не само што ќе ја подобри нашата рамка за владеење на правото, туку и ќе ја олесни подлабоката интеграција во европскиот систем на економско управување – два процеса кои мора испреплетено да се одвиваат“, изјавил Муртезани на состанокот, како што се наведува во соопштението од Министерството.

Муртезани во своето обраќање пред Советот потврдил дека Македонија останува целосно посветена на исполнувањето на своите обврски во процесот на пристапување кон Унијата, свесна за сложеноста и барањата на тој пат.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Дејан Дејан

Две лица загинаа во руско гранатирање на Купјанск

Дејан Дејан

Со најава за 100.000 засадени дрвја dm дрогерие маркт успешно ja започнува третата година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе