Вести Култура Топ вести

Четириесет и пет актери во конкуренција за „Ристо Шишков“ – вечерва почнува 32-от фестивал на камерен театар

Вечерва почнува 32-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Четириесет и пет актери се во официјална конкуренција за единствената награда за високи актерски достигнувања „Ристо Шишков“ која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во висина од 1.500 евра. Селектор на фестивалот е Љупчо Ѓоргиевски. Организаторите велат декапреобладуваат домашни претстави поради ограничен буџет.

Фестивалот го отвора претствата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски и изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“. Оваа претстава доби три награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, за најдобра претстава, за најдобра машка улога и за најдобра епизодна женска улога.    

Фестивалот ќе трае до 13 септември, а во рамки на офф програмата ќе има промоција на  списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Парламентарни избори во Ерменија – продолжување кон Западот или враќање кон Русија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе