Вести Македонија

Уставните судии да се придружуваат до темелните вредности на уставот каде најважни се правната и социјална сигурност на граѓаните велат здруженијата

За еден ист закон уставниот суд прво пресече дека е уставен за после шест месеци да размислува да ја промени одлуката, реагираат здруженијата и од пред зградата на уставниот суд им порачаа на судиите да се придружуваат до темелните вредности на уставот каде најважни се правната и социјална сигурност на граѓаните.

Од уставен суд не ги коментираат обвинувањата на здруженијата. Велат дека за одлуката да поведат постапка за законот за облигациони односи веќе се изјасниле кога оваа иницијатива беше на седница. Во јули минатата година беа донесени измени на законите за облигациони односи.

Уставниот суд во јануари годинава одлучи да не поведе постапка за 15 те инцијативи поднесени до судот од причина како што кажаа двата закона биле во согласност со Уставот.

Со одлуката на судот само ги потврди измените изгласани во јули минатата година  со кои се ограничи извршување на долговите да застарува после 10 години

Но во јуни разгедуваји ги новите иницијативи судот донесе спротивна одлука. Ги стави под сомнеж законските измени дека се неуставни и поведе постапка. Тогаш дел од уставните судии оценија дека со оспорениот закон доверителите се во нерамноправна положба во однос на нивните должници дел пак не се согласија и оценија дека не треба во рок од 5 месеци да носат различни одлуки

Поранешниот пратеник Самка Ибраимовски доби кривична пријава затоа што МВР оцени дека тој преку социјални мрежи упатил закани кон уставна судијка.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе