Вести Македонија Најважни

Пописен геноцид врз Македонците во Албанија, бројките се манипулативни и нелегитимни – МАЕИ обвинува за груб фалсификат

Ова е пописен геноцид врз Македонците, велат од партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ (МАЕИ) во Албанија, која не ги признава резултатите од последниот попис во оваа соседна држава во кој бројот на македонското малцинство е преполовен, во споредба со претходните пописи на населението. Бројките се манипулативни, нелегитимни и направен е груб фалсификат, вели првиот човек на паријата Васил Стерјовски.

„Ова е чист фалсификат, фактички албанските власти соработуваа со бугарските власти за да направи еден пописен геноцид за асимилација на Македонците во Бугарија. Бројките се невистините, ова е инженеринг направен од државниот завод за статистика на Албанија“, вели Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Стерјовски вели дека е недозволиво македонската заедница да биде колатерална штета на патот на Албанија кон ЕУ. Обајснува дека тоа е направен со признавање на непостоечеко бугарско малцинство во 2017 година, по што започна агресивната кампања за асимилација на Македонците од страна на Бугарија, со донации, поткупи и понуди за бугарски пасоши. За време на пописот Македонците се соочиле со засилени притисоци од страна на бугарските власти, но и екстремистички групи дојдени од Бугарија.

„Со самиот почеток на пописот во сите делови каде живеат Македонците доаѓаше бугарскиот амбасадор и агитираше. Се јавуваа и од бугарската амбасада да се закануваат дека сите кои нема да се изјаснат Бугари ќе им се одземат бугарските пасоши или, пак, ќе запре процедурата за издавање бугарски пасоши“, додава Стерјовски.

Од партијата веќе испратиле писма до сите странски амбасади и до Советот на Европа, а бараат обвинителство на Албанија да го истражи пописниот фалсификат и притисоците врз македонското население.

Специјалното обвинителство за организиран криминал да ги истражат сите наши жалби, затоа што ќе се открие како албанските и бугарските инженери работеа на овој пописен инженеринг, вели Васил Стерјовски.

Реагираше и Македонското министерство за надворешни работи, од каде велат дека прелиминарните резулатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци.

„Министерството ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија“, се наведува во соопштението на МНР.

Според резултати од последниот попис објавени вчера, во Албанија живеат 2.281 Македонци, наспроти 5.512 колку што имало на пописот во 2011 година, додека, пак, сега се евидентирани 7.957 Бугари, иако во претходните 11 пописи ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе