Uncategorized Македонија Топ вести

Демири контра ДКСК- директорите разрешени поради пропусти во работата

За министерот за здравство Илир Демири пропустите во работата на директорите на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски и Клиниката на токсикологија Данил Петровски биле пресудни за нивното разрешување и покрај тоа што Антикорупциска пред два дена донесе одлука дека тоа било спротивно на законите, бидејќи изборите не биле завршени. ДКСК најави и дека ќе бара одговорност за Демири пред надлежните органи.

„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај“, изјави  Демири.

Додека пак Петровски, и еден од лекарите на токсикологија биле разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период.

„Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи“, додава Демири.

ДКСК нотираше и дека и организационата директорка на токсикологија Бесије Иљази зад која застана Демири исто така спротивно на законот им ги потпишала решенијата на договорците, бидејќи недостасувал и потписот на Петровски. Меѓу нив беше и болничарот кој се обиде да лажира резултати на урина со наркотици, што предизвика низа реакции во јавноста.

Демири и порачува на ДКСК дека негова обврска е безбедноста на пациентите и на сите вработени во јавното здравство, но нема ниту збор за наводите дека не само што изборите биле во тек, туку ниту управниот одбор, ниту здравствениот совет на установите претходно не утврдиле дека постојат основи за разрешување на директорите.

Марија Митевска

ДКСК: Демири незаконски ги разрешил директорите на кардиохирургија и токсикологија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Анализите на Фајнанс Тинк покажале дека замрзнување на маржите даваат краткорочен, но не ѝ долгорочен ефект

Дејан Дејан

Според Битиќи замрзнување на маржите од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ситуација на „мора да има“ односно „панична реакција“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе