Вести Свет

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Турција изрече казна за Гугл

Турската Комисија за заштита на конкуренцијата изрече нова казна на компанијата Гугл.

Казната е изречена поради прекршување на правилата за конкуренција при преставувањето на  резултати од пребарувањето за хотелски резервации на локалниот пазар.

Казната е во износ од 482 милиони фунти (околу 15 милиони долари).

Ова е уште една казна што турските власти му ја изрекоа на Гугл во последните години.

Истрагата за случајот започна во април 2021 година.

Тогаш советот донесе одлука дека американската компанија, поточно нејзината услуга за рекламирање хотели „GOOGLE Hotel Ads / GHA“, има предност во однос на оние што работат на локалниот пазар во однос на обезбедувањето податоци за општата страница за пребарување за локацијата на хотелите, цените и нивната споредба.

Во меѓувреме, Советот за заштита на конкуренцијата започна истрага и  против американската компанија Apple Inc, поради сомневање дека го прекршила законот за конкуренција со забрана на употреба на инструменти за плаќање од трета страна во нејзината програма  App Store.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Владата повторно ќе биде оградена со ковано железо

Дејан Дејан

Силниот ветер во Скопје откорна дрвја, оштети возила и кровови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе