Избори 2024 Македонија Топ вести

Ќе победеше ли тетка Жане, ако се кандидираше? – кампања на лекции, навреди, ора, песни и гафови

Претседателските кандидати дадоа многу ветувања, но понудија и многу „сеир“ на социјалните мрежи и медиумите. Не` натераа да се замислиме и над сопствениот математички капацитет.

Пендаровски играше ора во Берово и Гевгелија, додека топло ја поздравуваше конкуренцијата. Несебично го делеше и микрофонот со членството. Неговата најлута против-кандидатка, никако да му го погоди името.

Но, очигледно не и` е проблем само името на македонскиот претседател, слабо се снаоѓа и со американските. Нејзината против-кандидатка, излезе уникатна. Кандидатот на ДУИ се качи во автобус, водеше поткаст, дури  и тргна по стапките на Бранко  Црвенковски кому членството му бакнуваше рака.

Неговиот колега Груби ни откри дека Ахмети нема смартфон, а и расчистуваше  видик. Кандидатот кој е најчесто по медиуми поради висококатниците, лично гази на цврсто тло. Неговиот кумановски колега пола кампања ја помина по судови,но сепак смисли интересен, двосмислен слоган.

И по триесет и две години од независноста, некои се сѐ уште во југословенски филм. Партиските лидери си ја вмешаа и фамилијата во кампањата.

Во отсуство на конкретна програма и проекти за граѓаните, што беше критикувано и од јавноста и од експертите, остана дилемата, дали можеби, ако се кандидираше тетка Жане,и ќе победеше?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе