Филмови

ЧЕЛИЧНА ПРАВДА – сабота, 20 април 2024 – 22:15

Возбудлив трилер за семејството, судбината, животните околности и правдата, во режија и сценарио на Скот Купер, а продуциран од Ридли Скот и познатиот актер Леонардо ди Каприо.

Расел Блејз води тежок живот – дење работи во локалната челичарница, а ноќе се грижи за својот тешко болен татко. Заедно со неговиот брат Родни сонува за заминување и подобар живот. Поради низа несреќни околности тој завршува во затвор, додека Родни, пак, по враќањето од мисија во Ирак, се впушта во улични борби и мистериозно исчезнува.

По неуспешните обиди на полицијата да го реши случајот, свесен дека нема што да изгуби, Расел решава да ја земе правдата во свои раце, ризикувајќи ја штотуку стекнатата слобода.

Улоги: Кристијан Бејл, Кејси Афлек, Вуди Харелсон, Форест Витакер, Вилем Дефо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АВА – недела, 28 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

МОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ МЕНЕ – сабота, 27 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СЛУЧАЈНИ ЉУБОВНИЦИ – сабота, 27 април 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе