Вести Свет

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин.

Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата, изјави Галузин.

Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на украинската диполоматија, Андриј Сибиха, кој тврди дека Москва наводно не сака да седне на преговарачката маса.

-Ние не станавме од масата, украинската страна го направи тоа, и тоа повеќе од еднаш, заклучи Галузин.

Агенцијата потсетува дека минатата недела, на состанок со владата, рускиот претседател Владимир Путин постави четири темели за дијалог со Украина: Истанбулските договори, модалитетите од Енкориџ, реалноста на теренот и принципите што ги презентираше во говорот што го одржа во Министерството за надворешни работи пред две години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доктор Трамп објави видео како ги лекува сите критичари

Kristina Kuzmanovski

Цените на нафтата на меѓународните пазари се спуштија под  71 долар за барел

Kristina Kuzmanovski

 „СОС“ Венецуела“ проектирано на статуата на „Христос спасителот“ во Рио

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе