Вести Свет Топ вести

Продолжува потрагата по телото на Данка Илиќ- се пребаруваат бунари и шахти- се подготвува погреб на братот на осомничениот за убиството

Со денови трае потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) од Бањско Поље, кај Бор. Откако осомничените работници на ЈКП „Водовода“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ го признаа убиството на детето, полицијата детално ја пребара секоја педа од Бањско поле и околината.

Полицијата го пребарала Кањонот Лазарев, Злоцка Река и Лазарева Пештера, како и селата Злот и Лука.

Денеска ќе биде погребан Далибор Драгијевиќ (40), братот на Дејан Драгијевиќ, обвинет за убиството на Данка Илиќ, на селските гробишта во Злот кај Бор. Далибор починал во притвор како последица на срцев удар, а обвинет е и за соучесништво во убиството на малата Данка.

Откако исчезна девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на МВР активно трагаат по неа. Веќе во првите часови по исчезнувањето, полициските службеници ја проверувале секоја дупка во која можело да падне девојчето, но откако било соопштено дека девојката е убиена и дека зад злосторството стојат работниците на ЈКП „Водовод“, полицајците почнале да го бараат телото на девојчето во бунарите, шахтите и акумулациите. Главната причина за ваков вид на потрага е токму поради тоа што осомничените добро ги познавале шахтите и бунарите во селата Бањско поле и Злот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе