Филмови

ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ – петок, 12 април 2024 – 22:15

Приказната е заснована во пост-апокалиптичка држава наречена Панем, која е поделена на дистрикти (реони). Главниот град на Панем е Капитол, а Панем е опкружен со 12 дистрикти. Секоја година од секој дистрикт се бираат по две жртви, таканаречени трибути. Се бираат по два трибути од секој дистрикт, момче и девојче, кои се присилени да се борат да преживеат во арена со цел угледните луѓе од Капитол да бидат забавувани, а и да се задоволат потребите на Капитол. Откако Прим Евердин ќе биде одбрана како трибут на 74. годишни игри, нејзината сестра Кетнис Евердин ќе се пријави како волонтер сè со цел да ја заштити сестра си.

Продолженија: „Игри на гладните: раѓањето на огнот“, „Игри на гладните: Мокингџеј“ – прв дел и „игри на гладта: Мокингџеј“ – втор дел.

Улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лиам Хемсворд, Вуди Харелсон, Елизабет Бенкс, Лени Кравиц, Стенли Тучи, Доналд Сатерленд, Вес Бентли, Вилоу Шиалдс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АВА – недела, 28 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

МОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ МЕНЕ – сабота, 27 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СЛУЧАЈНИ ЉУБОВНИЦИ – сабота, 27 април 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе