Вести Македонија

Ранетиот во Арачиново имал прострелна рана во градите

Од Ургентниот центар за Телма потвртдија дека едно лице од Арачиново е донесено со рани од огнено оружје.

-Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, ни рече во краток разговор Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.

Инцидентот се случил денеска попладне. Во напад со автоматска пушка врз градоначалникот на Арачиново застрелано е лице од негово обезбедување.

НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во Арачиново, првични информации дека има и застрелани меѓу луѓето кои биле во придружба на градоначалникот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе