Вести Забава

Почина Слаѓана Милошевиќ, една од иконите на новиот бран во поранешна Југославија

По кратко боледување, на 69 годишна возраст почина Слаѓана Милошевиќ, вокалистка, гитаристка , кантавторка и писателка, пренесуваат српските медиуми.

Милошевиќ важеше за една од иконите на новиот бран во 80-тите години на минатиот век , во поранешна Југославија. Свиреше виолина од мали нозе, а нејзиниот прв солистички настап бил 1974 година во Маглај, на фестивалот „ Студентско лето“. Вистинскиот пробив на југословенската по- рок сцена го направила 1977 со нумерата „ Ау, ау“. Истата година настапила пред „ Бјело дугме“ на нивниот култен концерт на Ајдучка чешма. Изгледот на Слаѓана Милошевиќ кој до крај остана особен и авангарден беше само дополнување на нејзината музика и песни. Таа ги скрши табуата со песната „ Секси дама“, која во прво време беше забранета за емитување на радио и телевизија.

Во 1979 година ја промовираше нумерата „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенскиот претставник за Евровизија во Белград и го освои осмото место, со композицијата „Рецепт за љубов“. Во 1983 година го објави албумот „ Neutral Design“, со истоимената група што ја формира во Германија, а материјалот доживеа голем успех и таму и во Шведска. По една година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, изведена на Скопскиот фестивал каде се избираа песни за Евровизија, но и тогаш не и се насмевна среќата да победи. Во 1989 , Слаѓана Милошевиќ замина во САД, каде извесен период свирела со групата „Бејби сестра“, работела како брокер и во маркетинг агенции.

Слаѓана Милошевиќ во 2001 година , заедно со Јасмина Малешевиќ ја издаде книгата „ Адаме не се лути“.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе