Вести Македонија Најважни

Полициската поштенска служба заврши- лични карти ќе се делат во полициските станици

Од понеделник сите граѓани, во било кој период од денот секој ден ќе можат да ги подигнат готовите лични карти во полициските станици каде што живеат. Односно во местото кое стои во нивните документи како домашна адреса. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека новиот начин на издавање лични карти следува откако доставата до дома не го даде очекуваниот исход.

„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, соопштија од мвр.

Граѓаните кои денеска беа да ги земат готовите документи се жалат дека со денови чекаат со часови за подигнување. Сметаат дека земањето на личните карти од полициски станици ќе го намали досегашниот хаос.

„Сега завршивме работа по итна постапка, имавме закажано во 12.40 и одма завршивме. За итни документи нема гужви, но за редовни има колку што успеав да видам. Па сметам дека со новото решение би требало да биде посредено барем малку“, вели граѓанин.

„Со пријателката трет ден по ред доаѓаме и таа не може да го земе пасошот. Нема никаква организација и контрола врз институциите. Можеби со новата мерка би имало некој ефект, но не сум сигурен“, вели друг граѓанин.

„Не знам што е работата, ама мислам дека е закаснето се. Ние доаѓаме веќе по трет пат, ама личните карти ги нема. Рекоа дека дома ќе стигнат, ама ги нема. Личната карта ја чекам речиси три месеци“, вели државјанин.

„Мислам дека со новиот начин би било полесно, ама сепак којзнае.“

„Па најверојатно дека ќе е подобро.“

велат граѓаните за телма.

Засега не е објаснето како граѓаните кои се сликале за два или три документи ќе ги подигаат. Дали на исто место, сите документи или на две различни локации, на местото каде се сликале, за пасоши и возачки дозволи, а во полициски станици за да ги земат личните карти.

Министерот Тошковски вчера во Грција се сретна со директорот на Веридос, компанијата која ги произведува обрасците за патни исправи и било разговарано за поголема динамика на испораката на обрасците.

-Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, соопшти МВР.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе