Вести Македонија

Имаат иста дејност, статус и одговорност, бараат ист третман и потпишување на колективниот договор – пет универзитети наспроти УКИМ

Со барање да се потпише Колективниот договор, вработените од пет јавни универзитети во државата денеска излегоа на протест. Велат дека Владата има двојни стандарди, затоа што е спроведен колективниот договор на УКИМ, каде за 3.600 вработени има повисоки плати за 22 проценти, но дискриминирани се 1.500 вработени на универзитетите во Штип, во Тетово, во Охрид, во Битола и „Мајка Тереза“ во Скопје, иако имаат иста дејност, ист статус и иста одговорност.

„Надлежните државни институции да ја сфатат намерата дека сакаме на еден цивилизиран синдикален начин да се избориме за нашите права. Нашите права се права на сите вработени да имаме еднаков третман на ниво на цела држава“, рече проф. д-р Саша Дукоски, претседател на Синдикатот на УКЛО Битола.

„Во РСМ на сите универзитети важи истиот Закон за високо образование и затоа приходите на вработените на овие универзитети мора да бидат еквиваленти“, изјави проф. д-р  Шефкет Дехари, претседател на Синдикатот на Универзитетот во Тетово. 

Премиерот Талат Џафери, кој токму денеска додека синдикатот беше на протести, дојде во посета на УКЛО, рече дека дел од универзитетите не ги имале комплетно доставено сите документи од колективните договори за проверка од Собранието, а потоа изборните рокови го запреа процесот.

„Така не најде крајот на годината, при крајот на годината, имајќи предвид дека е оваа е изборна година, почнаа постапките за промените за функцијата на претседател на Собрание, дојде време да ги менуваме улогите и во меѓувреме распишани се изборите“, рече техничкиот премиер Талат Џафери. 

Сепак, од Синдикатот објаснуваат дека неколку пати предупредиле на роковите поврзани со изборите и бараат договорот да се потпише пред распуштање на Собранието.

„Ние благовремено го доставивме предлог текстот на Колективниот договор на 18 октомври, а избрите се распишани многу подоцна. Сметаме дека на некој начин сме оштетени, бидејќи имаше доволно простор да го потпишеме Колективниот договор за јавните универизтети“, вели проф. д-р Андон Мајхошев, претседател на синдикатот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Арбер Адеми од ДУИ, кој е вработен на Тетовскиот универзитет, вели дека до Собранието денеска поднеле предлог закон за дополнување на Законот за високо образование, што во моментот е единствено решение, затоа што Колективниот догвор во предизборие не може да се потпише.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе