Uncategorized Вести Македонија

Уставниот суд и Mисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање

Уставниот суд и Mисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање со кој се овозможува промоција и унапредување на принципите на владеењето на правото и основните права и слободи на граѓаните.  Мисијата на ОБСЕ се приклучува кон славењето на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд кој се одбележува оваа година и по тој повод ќе ја поддржи меѓународната конференција во март на која се предвидени учесници од 15-тина делегации, вклучувајќи претседатели и судии од повеќе Уставни судови, експерти од областа на уставното судство.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска изрази голема благодарност до амбасадорот Килијан Вал за препознавање на вредностите коишто ги промовира Судот и неговата улога во правниот поредок.

„Како суд, но и како држава благодарни сме што сте наши партнери во поддржување на долгата традиција и континуитет на работењето на Уставниот суд цели 60 години.  Нашата држава како една од шесте републики во поранешна СРФЈ имаше Уставен суд со единствени надлежности во обезбедување на највисока уставна заштита, кои останаа  до ден денес. Дополнително не’ чека уште многу заедничка работа во овозможување на поголема заштита за граѓаните и нивните права, пред се’, преку унапредување на капацитетите на Судот ”, кажа претседателката Добрила Кацарска.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал ги нагласи заедничката заложба за заштита на човековите права, унапредување на транспарентноста и поткрепата на начелата на владеење на правото во Република Северна Македонија.

„Со потпишувањето на Меморандумот ние ќе ги продлабочиме односите, не само за одбележување на 60 години од постоењето на Уставниот суд, туку заеднички ќе придонесеме во зајакнување на заложбата за правда и владеење на правото”, нагласи амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ.

Уставниот суд и во текот на минатата година во соработка со ОБСЕ организираше обуки за унапредување на вештините на советниците на Судот од  областа на заштитата на човековите слободи и права.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе