Uncategorized

Тарифникот за геодетските трошоци е донесен за да се сокријат поскапувањата на имотните листови- тврди Рибароски

Тарифникот за геодетските трошоци е донесен за да се сокријат поскапувањата на имотните листови, а директорот на Катастар свесно носел одлуки без мислење на комората тврди првиот човек Никола Рибароски. Според, него новите цени за геодетските услуги се реални, но поскапувањата на имотните листови доаѓа ненадејно и неплански.

„Сега ова најновото поскапување не се однесува на имотен лист, него тоа се однесува на прв упис во имотен лист. Значи, како пример кога вие купувате нов стан во зграда вие имате најмалце три имотни листови а ако имате гаражно место може да се случи да имате и до пет имотни листови. И тогаш кога вие ќе појдевте кај нотар нотарот наплаќаше 1250 денари и титуларот во сите имотни листови се менуваше. И сега не ни е навистина јасно како сега ќе наплаќаат 1250 денари по имотен лист и тоа ќе го плаќаат граѓани“, вели Никола Рибароски претседател на Комора на геодетски работи.

Новите цени на геодетските услуги се реални со оглед на трошоците што ги имаат геодетите, но проблемот е во тоа што по 10 години се носи нов тарифник наместо етапно да се поскапувале услугите, вели Рибароски.

„Овие цени на геодетските услуги на приватните геодетски компании се реални и ви кажав тоа е транспарентно, ние не бегаме од тоа како се добиени дури беа и осум насто поскапи од она што се сега пропишани“, вели Никола Рибароски претседател на Комора на геодетски работи.

Иако во законот јасно е запишано кој издава и одзема лиценци и дека трошоците ги наплаќа комората,  сега со новиот правилник кој го променил директорот на Катастар сега тој сам ќе предлага и одзема лиценци, што е противзаконски упад во ингеренциите на Комората, тврди Рибароски.

„Имате една лиценца, имате друга. Ова е правилнички пропишана како е сега директорот си најде решение со негово име и презиме да издава негови лиценци во име на комората како што пишува. Ова е во име на комората? Еве во име на комората, таа има име, има свое лого еве сега како во име на комората сега ќе издава директорот на Агенција за катастар.. Збунувачки ќе биде за сите и затоа викаме дека се нарушува правниот поредок во цела држава“, вели Никола Рибароски претседател на Комора на геодетски работи.

За прашањата на граѓаните и комората на геодети,зошто поскапуваат дел од катастарските услуги и како што ја нарекоа противзаконската лиценцата на Борис Тунџев, од кабинетот на директорот најавија одговри на утрешната пресконференција.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе