Вести Македонија Наука и здравје

Трикафта го подобрува здравјето на пациентите со цистична фиброза- две тинејџерки со полесно дишење

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска посети две малолетни пациентки со цистична фиброза кои во примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести. Според него, двете млади девојки кои пред 5 дена примиле терапија Трикафта, веќе се чувствуваат подобро.

„Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза кои во четвртокот го примија лекот Трикафта. Ме информираа дека сега животот им е поубав. Пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, модуларната терапија дава брз ефект. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза“, соопшти Демири преку пост на социјалната мрежа ФБ.

Тој објави и фотографија со двете малолетни пациентки со известување дека добил одобрение за да ја објави. Стефанија и Хатиџе се две од вкупно 32 пациенти кои досега добија барем по една терапија со Трикафта.

Лекот Трикафта го олеснува животот на болните со цистична фиброза, го подобрува нивното дишење и го зголемува квалитетот на лекувањето. Новиот лек дури лани беше воведен во лекувањето на болните од цистична фиброза по тешките и макотрпни протести на заболените и нивните семејства.

Се проценува дека во Македонија, со цистична фиброза живеат околу 120 луѓе од сите возрасти, а досега секој 4-ти пациент успеа да почне со терапија со Трикафта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе