Вести Забава

Тејлор Свифт по четврти пат доби Греми за најдобар албум

Американската пејачка Тејлор Свифт испиша историја на гсиноќешните Греми награди, станувајќи првиот музичар кој по четврти пати ја освоил наградата за албум на годината. До синоќа Свифт го делеше тој рекордот заедно со Стиви Вондер, Френк Синатра и Пол Сајмон.

Наградата за албумот „Midnights“ Свифт ја доби од Селин Дион, која изненадувачки се појави во улога на презентер две години откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување поради кое прекина да настапува.

Свифт добиваше награди за албумите „Fearless“ во 2010, „1989“ во 2016 и „Folkore“ во 2021 година

Би сакала да ви кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога завршувам нова песна, правам проби и се спремам за концерт. За мене, наградата е работата. Сè што сакам е и понатаму да можам да го правам тоа што го сакам. Тоа ме прави многу среќна, изјави Свифт.

Наградата за песна на годината повторно „ѝ избега“ на Свифт, откако оваа година ја доби Били Ајлиш за саундтракот на филмот „Barbie“ „What was I made for“.  Најдобра песна ја доби Мајли Сајрус за „Flowers“, додека Викторија Моне доби награда за најдобар нов артист.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе