Uncategorized

Даниел Лазаровски, в.д. директорот на Филхармонија со демант: Културата е во вештачка криза, наметната е од некои синдикални претставници

Даниел Лазаровски, в.д. директор на Филхармонија, ги демантира обвинувањата на синдикатот на установата дека управува со закани и мобинг. Од таму велат дека со постапките по неговото назначување на функцијата во септември во 2023 година, ги уривал темелите на Филхармонија, ги деградирал вработените и ги уништувал меѓучовечките односи.

Демантот на Даниел Лазаровски го пренесуваме во целост

На јавноста и е познат објектот во кој работи Филхармонијата, со просторни и други услови кои се најдобри на Балканот, такашто неправедно е во однос на други установи и кај нас и на балканот, да се зборува за лоши услови за работа. Понатаму, музичарите во филхармонија, ја имаат привилегијата да работат со исклучително добри професионалци, диригенти и други соработници, што е од голема важност за секој уметник. Платите во културата се солидно зголемени, и редовно се исплаќаат и покрај намалениот фонд на работа за време на корона.

Ако под услови на работа и проблематично однесување, закани и мобинг, се мисли на потребата вработените да се евидентираат на работа и да ги извршуваат своите работни обврски согласно закон, согласно програма за работа, тогаш да, уметниците се навистина загрозени од мене како в.д.директор. Всушност, тогаш тие се загрозени со потребата да ги извршуваат работните обврски.

Во однос на т.н. упад на состанок на синдикат, квалификација утврдена од синдикалниот претставник, како и сите други квалификации на настаните во Филхармонија, е всушност обид за прикривање на повредите од негова страна на статутот на синдикатот и на законските одредби. Имено, точно како што наведува, јас сум именуван за в.д.директор од септември 2023, и дури сега во февруари 2024, доставува известување, меѓу другото и до медиумите, (иако известувањето е во друг контекст – дека постои „упад“ од моја страна), цитирајќи го член 16 од статутот. Дали и кога е одлучено на синдикат, дека мене како член ми мирува членството, дали и на кој начин е утврдено дека постои судир на интереси, и дали и на кој начин е известена благајната на установата да не ми се одбива од плата за членство, никаде не е споменато. Токму поради тоа, овој обид за прикривање на сопствените грешки и непочитување на законски одредби од страна на синдикалниот претставник, очекувам да биде прозрено како малициозно и со „задни намери“, и да биде санкционирано од повисоките органи на синдикатот.

Всушност, време е јавноста да знае, време е граѓаните да знаат, дека културата, за чие финансирање одат и дел од средствата што тие ги плаќаат на име данок, е во вештачка „криза“, наметната од некои синдикални претставници, во смисла да постојат само права но не и обврски од работен однос“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе