Вести Култура Македонија Топ вести

Реакции по објавените резултати од ланскиот втор конкурс на Агенцијата за филм

Први реакции откако Агенцијата за филм ги објави резултатите од ланскиот втор конкурс за поддршка на долги и кратки, играни, документарни и анимирани филмови. Одбиениот режисер Васил Христов вели дека не очекувал ништо друго од телата кои одлучувале по конкурсот и бара да се засрамат за одлуката. А, режисерот Радован Петровиќ прашува зошто не се одобрени долгометражни филмови за авторите – дебитанти.Од Агенцијата велат дека одбиените кандидати може да се жалат кај второстепените органи. Најмногу пари (453 илјади евра) на овој конкурс доби режисерот и продуцент Кастриот Авдили, за неговиот трет филм „ Роден да живее“.

Режисерот Васил Христов, кој е одбиен на ланскиот втор конкурс на Агенцијата за филм, што заврши кон крајот на август, реагираше на социјалните мрежи дека не очекувал ништо друго од директорот, Филмскиот совет и од Управниот одбор на Агенцијата.

Васил Христов – режисер: Треба да ви е срам, но не ви е. Мојата работа ќе продолжи и многу подолго после вас кои ќе останете само како дамка од шпагета на бел чаршав.

Со реакција се јави и режисерот Радован- Раша Петровиќ: Како нема ниту еден дебитантски долгометражен филм? Тешко е да се дебитира во оваа земја.

Од Агенцијата за филм велат дека одбиените кандидати имаат право на жалба.

Агенција за филм: Како и во секој конкурс, има проекти за кои Филмскиот совет и Управниот одбор не донеле одлука за финансирање. Незадоволните кандидати имаат право на жалба до Второстепените органи.

Овој конкурс понуди исклучителни проекти, а доминантен е македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот. Тоа ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија, дополнуваат од Агенцијата за филм. Тие, најмногу пари- 453 000 евра му доделија на режисерот и продуцент , Кастриот Авдили за неговиот трет филм „ Роден да живее“.

Покрај овој, во категоријата долгометражен игран филм со домашен мнозински удел, подржани се и остварувањата на Стојан Вуичиќ и Кристијан Ристевски. На Вуичиќ, за детскиот филм „ Снешко“, му се одобрени 421 000 евра, а Ристевски за „ Не се согласувам“, ќе добие 405 000 евра. Од долгометражните играни филмови со македонски малцински удел, најмногу пари- 48 000 евра ќе добие хрватскиот филмски и телевизиски режисер Даниел Кушан.Подржани се и два долгометражни документарни филмови со домашен мнозински удел. Од поддржаните , Роберт Јанкулоски и Мерита Сали Чочоли, повеќе пари – 56 000 евра ќе добие Чочоли, за „Последниот сведок“. Прифатени се два долгометражни документарци со македонски малцински удел.

Исто толку кратки играни филмови со домашен мнозински удел и четири филмови од дебитантите:  Леон Ристов, Филип Лафазановски, Ментор Нуредини и Сара Бајрами. Подржан е и краткиот документарен филм “ Трнлив пат“ на Кузман Клековски. Во истата категорија, со домашен мнозински удел, се прифатени и три дебитантски филмови. Вук Митевски е поддржан за краток анимиран филм со домашен мнозински удел. Во оваа категорија е прифатен и дебитантскиот филм на Илија Тодоровски, наменет за најмладата публика „ Лефти и Рајти“. А, со македонски малцински удел е поддржан филмот „ Роксанда“ на Драган Јовиќевиќ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе