Вести Култура Македонија Топ вести

Бени Шаќири нов директор на МКЦ, Арсовска го ставила потписот

Музичарот Бени Шаќири е избран за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ). Тој беше еден од тројцата кандидати, заедно со дипломираниот продуцент, филмски работник и магистер по менаџмент за човечки ресурси Никола Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент, професор на ЕФТА и магистер по менаџмент за јавни установи. Според условите во конкурсот, покрај високото образование од областа на хуманистичките науки, кандидатите за директор на МКЦ треба да имаат и петгодишно работно искуство во областа на културата. А, Управниот одбор на МКЦ ги доставил апликациите од сите тројца кандидати до градоначалничката Арсовска, која ставила потпис на решението за директор на Шаќири.

Телма се обиде да го добие Шаќири за коментар, но беше недостапен на телефонските повици. За неговиот избор за директор, кандидатот Мадиќ кажа дека нема да реагира, а Стојчевски ни одговори дека ќе се жали согласно законските можности откако ќе го добие решението дека е одбиен. Наместо на 28 декември, Шаќири е назначен за директор на 10 јануари, па сега е неизвесно дали законскиот рок за жалби на одбиените кандидати е пробиен или не, велат од МКЦ.

Пред една година вработените во МКЦ и дел од граѓаните, протестираа поради разрешувањето на Ванчо Богоев од в.д. директор и назначувањето на таа функција на дипломираниот детектив Никола Алексов, примен во МКЦ преку Агенцијата за привремени вработувања. Богоев беше разрешен зашто не попушти под притисокот на раководството на Град Скопје да го вработи Бени Шаќири. Иако од МКЦ потвдија дека тој денеска дошол на работа, од таму кажаа и дека уште официјално не се сретнале со него и дека сѐ уште добиваат задачи за работа од Алексов.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе