Uncategorized

Се чека на надзорниот во М-НАВ да одлучи за владините предлози за директори во компанијата

Едена недела по одлуката на Владата да ги предложи Хекуран Асани и Милан Кораќ за нови директори во М-НАВ, денеска се состана надзорниот одбор на државната компанија кој што треба да одлучува по препораката. Меѓутоа дали воопшто ќе се дискутира за предлогот на Владата останува непознато, бидејќи Надзорниот одбор мора да одржи неколку седници во ист ден поради технички формалности и пополнување на местата.

Засега нема информација колку седници денеска ќе одржи надзорниот одбор и дали ќе одлучува по предлогот на Владата, но законските процедури предвидуваат комплетирање на раководството на М-НАВ по впишување во Централниот регистар.

А владата минатиот вторник одлучи да ги предложи Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во М-НАВ на местата на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари ја задржа својата функција.

Првичниот предлог на Владата беше Илир Мехмети, но по неколку часа Владата мораше да го повлече и да се коригира, бидејќи не ги исполнуваше условите. Мехмети не е вработен во М-НАВ, туку во Агенцијата за цивилно воздухопловство со што директно се кршеше член 17 од Правилникот во М-НАВ кој предвидува на раководните места да се именуваат лица од редот на вработените.

Според биографијата испратена од Владата, Асани е вработен во М-НАВ од 2005 година, од 2007 работи како контролор, а од 2021 година и како инструктор. Кораќ, пак, доаѓа од позицијата раководител – инструктор за електроенергетика и има 25 годишно работно искуство во М-НАВ.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе