Вести Македонија Топ вести

Убиецот од „Шиша бар“ го ликвидирал и Орхан Бајрами во Ханиоти

Грчката полиција го идентификуваше убиецот на водачот на нарко кланот „Дуќанџик“ Орхан Бајрами – Оки кој беше ликвидиран минатата година во Ханиоти. Станува збор за лицето Гани Марку кој веќе се наоѓа во притвор во Скопје бидејќи е осомничени за двојното убиство во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија.

Грчките власти ќе бараат екстрадиција на триесет и две годишниот Марку иако повеќе од извесно е дека нему ќе му се суди во Скопје. Според официјалните податоци на грчката полиција Марку со уште едно лице, маскирани со фантомки, дошле до вилата каде што бил Бајрами со неколку лица и почнале да пукаат од неспоредна близина. Бајрами е убиен а негов пријател е ранет.

Надвор од куќата се пронајдени и одземени 19 чаури. Истрагата ја идентификуваше рутата по која тргнале сторителите при нивното бегство. На оддалеченост од неколку стотина метри од куќата и во непроодна област со грмушки, пронајден е пиштол со придушувач и шаржер со пет куршуми, како и волнена капа и пар ракавици. Лицето Г.М. е уапсено и останува во притвор во својата земја, како осомничен за учество во убиството на две лица, што се случило лани во март во С. Македонија, се вели во соопштението на грчкото министерство за внатрешни работи.

Гани Марку, се презивал Туша пред да го смени презимето, повратник е од Сирија каде се борел во редовите на терористичката „Ал Нусра“ и е осомничен за ликвидацијата на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци, во „Шиша бар“. Кривањева беше еден од најблиските соработници на Бајрами и високо во хиерархијата на криминалниот клан. Тој беше уапсен на 8 август минатата година и се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, возилото со кое убијците дошле до „Шиша бар“ , а потоа го запалиле.

Војната меѓу двата во моментов најсилни криминални нарко групи во Скопје „Дуќанџик“ и „Беланоца“ продолжи со ликвидацијата на Блерим Даци во Приштина, член на „Беланоца“ и еден од осомничените за двојното убиство во скопската чаршија а потоа беше ликвидиран и Бајрами.

Војната продолжи со двата неуспешни обиди за ликвидација на Раде Трајковски – Штекли во Скопје

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Дејан Дејан

ЈСП денеска сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе