Вести Македонија Најважни

За да го оправда недавањето притвор, Кривичен суд го „искасапи“ законскиот став за групата на Беким Незири која упадна во контролата на летање

За да ги оправда одлуките да не им определи притвор на 4-цата кои не избегаа по упадот во кулата за летање, Кривичниот суд направил своја верзија на членот 303 став 2 по кој се гони групата предвидена од функционерот на ДУИ, Беким Незири.

Судот во своето соопштение си го скратил членот и го извадил најбитниот дел на квалификација и наведената минимална со закон предвидена затворска казна.

Во кривичниот законик, член 303 став 2 од Кривичен законик гласи:

Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со кое предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Но, во соопштението на судот, го нема токму болдираниот дел од членот кој ги опишува активностите на групата при упадот во М-НАВ за што беа осомничени 8-мина. Не е посочено делото „ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.

Од судот засега нема објаснување кој и зошто го искасапил членот по кој се гонат 8-мина во соопштение за да ја оправда одлуката на судиите Пајазити и Крстиќ за недоделување на притвор по барањето на обвинителството.

Од друга страна, судот во истото соопштение ги поврзува медицинската документација на нападнатиот контролор со состојбата на македонското небо, односно оценува дека бидејќи нема исказ од нападнатиот не може да се помине на делото загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Но, покрај содржината на соопштението на Кривичниот суд. адвокатот Драган Малиновски, кого Телма го контактираше телефонски, гледа уште еден преседан поврзан со јавното обраќање на Кривичниот суд во одбрана на одлука на двајца судии за претходна постапка.

Според Малиновски тоа не е само преседан, туку е и прејудицирање на одлука но, исто така и притисок врз членовите на кривичниот совет во истиот суд каква одлука да донесат по жалбата на обвинителството.

-Раководството на Кривичниот суд преку соопштението всушност дава насоки и прејудицира одлука на кривичниот совет кој треба да одлучува и по жалба на јавното обвинителство. Како адвокат досега не сум регистрирал ваков преседан кој е направен со соопштението, ни изјави адвокатот Драган Малиновски, кој е и поранешен претседател на ДКСК.

Обвинителството ја обжали одлуката за притворот, но таа и натаму останува во ходниците на Кривичен кој веќе преку соопштение, без да ги соочи доказите на двете страни, одлучи дека 28-те авиони со патници и товар кои биле над Македонија не биле загрозени со невидениот упад на групата на Беким Незири од ДУИ во кулата на контрола за летање.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

В.д. премиерот од Форино сам треба да си го уреди сопствениот двор – Арсовска му одговори на Џафери за обраснатата трева во владата

Дејан Дејан

Џафери ја прозва Арсовска за косење на тревата во владиниот двор

Дејан Дејан

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе