Uncategorized Вести Македонија

Вонредниот надзор бара стручна комисија да ја испита смртта на 26-годишната родилка од Делчево

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) му предлага на министерот за здравство да формира Комисија за стручен надзор, со цел утврдување дали има пропусти во лекувањето и третманот на пациентката кое завршило со смртен исход. Овој предлог следи по извршениот инспекциски надзор и во штипската Клиничка болница и на КАРИЛ во Скопје, каде што почина 26 годишната родилка од Делчево, а која била донесена во лоша здравствена состојба од штипската Клиничка болница.

Од увидот е констатирано дека родилката во штипската болница била донесена во 39 недела од бременоста со упат од матичен гинеколог на 22 декември. Во болницата пристигнала четири дена подоцна, на 26 декември и била во добра состојба, но по направениот преглед утврдено е намалување на плодовата течност. Но, при сместување во болничката соба во придружба на болничар колабирала.

„Од направениот ЦТГ-запис бил констатиран fetal distress, поради што итно е одлучено дека е потребно да се изврши породување со царски рез поради што родилката во 10:30 часот е внесена во акушерката операциона сала, интубирана со спроведување на нејзина реанимација и започната секција на абдоменот по слоеви“, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Во него се наведува дека по извршената секција на абдоменот за породување со царски рез било утврдено присуство на голема количина на крв и коагулуми во абдоменалната празнина, поради што била повикана хирушка екипа, пришто е одлучено најпрвин да се изврши итен царски рез која е спроведен во 10:45 часот при што е родено живо женско дете со низок Апгар. По породувањето четворица хирурзи продолжиле со хируршката интервенција во  абдоминалната шуплина, кои утврдиле дека крварењето потекнува  од крвен сад во близина на хилусот на слезената.

ри што е направено негово подврзување, потоа е спроведена лаважа на абдоминалната празнина и по 15 мин. откако состојбата се стабилизирала( стабилен крвен притисок) извршено е затварање на абдоменот и  воспоставување на дренажа со  поставување на два дрена .По краткотрајното стабилизирање на крварењето, истото продолжило од поставената дренажа поради кое пациентката запаѓа во хеморагична шокова состојба, па повторно хирушки е интервенирано со одстранување на слезената, направена е  тампонада околу црниот дроб и местото на одстранетата слезена, пишува во соопштението на ДСЗИ.

Поради влошената состојба на родилката колегиум доктори од Штип  одлучуваат пациентката со болничко возило да се пренесе на КАРИЛ во Скопје, каде направени и се сите испитувања и терапија. Но и покрај се што е преземено 26 годишната родилката од Делчево починала на 26 декември во 23 часот. Нејзиното новороденче е на механичка вентилација на  Детската клиника. Неговата здравствена состојба не е променета.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе