Вести Македонија

Елката на скопскиот плоштад предмет на разочарување и потсмев кај граѓаните

Ова е новогодишната елка во главниот град на Македонија. Оваа елка треба да ги асоцира граѓаните и минувачите дека се ближат празници и да им го побуди празничното расположение.  Од далеку не се ни забележува, а кога ќе се доближите ќе видите дека е ниска, лошо украсена и за жал, крива.  На плоштадот има и неколку други поголеми украси со препознатлива новогодишна тематика, а над нив – сијалички. Дрвените куќарките се поставени, но се уште не работат. Денеска работници го местеа осветлувањето кај нив.  Граѓаните не се одушевени од изборот на градските власти за новогодишно украсување. Некои од нив дури и сметаат дека никогаш не било полошо и поневкусно.

за задоволство од украсувањето не треба воопшто ни да помислуваме. ова е жива беда-ужас. срамно е, ова го нема нигде. погледнете, овие како венци за гробишта, ова не е никаква веселба, на тага не тера ова, вели еден граѓанин.

 

како за главен град на македонија мене не ми се допаѓа ова. елката е крива. идат туристи за да се сликаат со неа како да е кривата кула во пиза. можеле повеќе да се потрудат, вели една граѓанка.

 

 

скопје може многу подобро да биде украсено. тоа и го заслужува, а не вака да изгледа. другите градови што се помали се многу подобро украсено од главниот град, додава друга жителка.

Граѓаните на социјалните мрежи веќе со денови се постмеваат со новогодишното украсување на градот и со градските власти. Коментарите се дека ваква елка не може да се купи ниту на „Али експрес“, дека е туристичка атракција и голем број на туристи од цел свет веќе пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Сликата со половично накитената крива елка на плоштадот стана вирална во регионот. Исто така и потсмевањето. Српскиот портал „нова“ објавувајќи ја фотографијата стави наслов „Кога мислите дека ви е тешко, сетете се на несреќната новогодишна елка во Скопје“. Градоначалничката на град Скопје, Арсовска не сака да одговори која фирма е задолжена за ова украсување и зошто не беше објавен тендер.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

50 милиони финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе