Uncategorized Вести Македонија

“Талир” почна од почеток – одбраната бара да се изведуваат сите докази повторно

Krivicen sud

“Талир” за незаконско финансирањето на ВМРО – ДПМНЕ почна од почеток поради промена на судечкиот совет. Поротник си дал отказ, поради што е заменет со нов. Одбраната не дава согласност за формално изведување на доказите туку  бара сите повторно сите да се изведуваат и  сведоците да се сослушуваат. Меѓу материјалните докази има и 12 илјади уплатници за чие изведување претходно беа потрошени речиси 15 рочишта.  Законот за кривична постапка предвидува  судиите да бараат  согласност од странките да се прочитаат веќе изведените докази

Член 371 ст (2) гласи Главната расправа која е одложена почнува одново ако се изменил составот на советот или судијата поединец. Со согласност на странките, советот може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно, туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа.

Поради измените на Кривичниот законик на ексминистерот Миле Јанакиески му застаре делото злоупотреба на службената положба  и му се суди само за перење пари. Според обивнителсвото, за екс премиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски “злоупотребата”  застарува на крајот на 2025.  Сите обвинети одговараат и за перење пари, дело кое застарува подоцна и не беше опфатено со измените на КЗ. Судењето за Талир почна во март 2020 година.

Предметот Талир 2 пак кој е поврзан со партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ е пред апелација. Во ноември се одржа јавна седница на која вишиот јавен обвинител предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе