Uncategorized

И малолетниците може да се видат со цигара в рака – алармираат истражувачите

И младите во земјава може да се видат со цигара во рака. 12,4% од малолетниците на возраст од 13 до 15 години користат тутун, а 30% од нив ја палат првата цигара пред 14-тата година, покажува анализата на тинк тенкот Аналитика. Младите признаваат дека нивните врсници се зависни од тутун иако се свесни за штетното влијание.

Во школо забележувам ученици кои што ги користат тие работи. Не сметам дека е во ред поради здравјето сепак штетно е тоа, вели ученик.

Достапноста, ниските цени на цигарите и недоволната едукација се дел од причините поради кои младите почнуваат да пушат уште од најрана возраст велат истражувачите и додаваат дека најчесто почнуваат да пушат во средношколските години. Апелираат до надлежните да ја зголемат акцизата на тутунот за да се намали бројот на пушачи во земјава и да се врати забраната за пушење во затворени простории.

80% од младите кои кога купувале цигари не биле спречени да ги купат цигарите, значи ние имаме голема достапност на цигари.Имаме законска регулатива, меѓутоа немаме имплементација во пракса. Мора да ја решиме оваа имплементација во пракса затоа што знаеме дека на малолетните лица не треба да им се дозволува да купуваат цигари, вели Тамара Спасова аналитика „Тинк тенк“.

Имаме емпириски докази дека од 2013-та кога за прв пат се воведува акцизен календар се намалува потрошувачката на цигари. Значи, има ефект зголемувањето на акцизата. Сега ние апелираме тој ефект да е поголем затоа треба драстичен пораст на цените на цигарите преку пораст на акцизатa, вели Бојана Христовска аналитика „Тинк тенк“.

Надлежните апелираат граѓаните да ги користат специјалните обуки за одвикнување од пушење во центрите за јавно здравје.

Секој од пушачите може самоиницијативно да се пријави. Тие функционираат два пати неделно како групна терапија, но по барање на некои од нашите граѓани коишто имаат желба да се одвикнат од пушење секако дека може да се искоординира и индивидуален пристап кон секој од барателите, вели Маја Манојлева заменик министер за здравство.

Во 2018-та година се донесе закон за заштита од пушење со кое се дозволува пушење само во специјално одредени простории и отворени тераси, но според истражувачите овој закон воопшто не се почитува.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе