Uncategorized Вести Македонија

Исчезнувањето и смртта на велешанецот Панче Жежовски, убиен од истата група чија жртва е и 14-годишната Вања

74-годишниот Панче Жежовски не се јавувал на својата ќерка два дена. Од 22-ри ноември таа не го слушнала па се посомневала дека нешто му се случило. На 24-ти ноември го пријавува исчезнувањето во полициска станица откако ќе види дека не е во својот дом, а неколку работи оставени во станот упатуваат дека го напуштил набрзина.

Се до 27-ми ноември нема никакво сознание за него кога неговиот автомобил го пронаоѓа полицијата, во околината на скопското село Бразда. Цитроенот бил опожарен.

  • На 27.11.2023 било пријавено дека во 15.40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР

Панче не се вратил дома, а дури на 3-ти декември е пронајден мртов но, не кај неговиот запален автомобил. Всушност во атарот на селото Бразда е најдено телото на 14 годишната Вања Ѓорчевска која исчезна на истиот ден кога беше најден запалениот цитроен на Панче. Телото на велешанецот е пронајдено на друга локација, на патот Велес-Скопје.

Според извори на Телма блиски до истрагата, Панче се познавал со Љупчо Палевски, а неофицијално дознаваме дека имале расправија околу наводни ископи на злато. Палевски е осомничен и за неговото и за убиството на Вања заедно со уште четири лица. Тој според извори во истрагата е во бегство во Турција.

Панче Жежовски бил фризер, а на денот кога исчезна велешани на ФБ објавуваа постови за неговото исчезнување. Тој беше и претседател на Унијата на Ветерани во Единствена Македонија и активен во поддршката на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите.

Што е убиство од користољубие кое во нејасното соопштение го наведуваат Обвинителството и МВР

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе