Uncategorized Вести Македонија

ОБСЕ, порача Лавров, не може да преживее, затоа што западните дипломати се кукавици- Никој не сака да седи на маса со него, возврати Карпетнтер

Прашањето што го постави вчера на крајно напнатата пленарна сесија на 30. Совет на министрите за надворешни работи на ОБСЕ: „дали има смисла да се вложат напори во oбидот за нејзино оживување“, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го одговори на прес конференција денеска. ОБСЕ, порача Лавров, не може да преживее, затоа што западните дипломати се кукавици кои не сакаат вистински дијалог.

  • Сè она на кое работеше ОБСЕ во сите изминати години се поткопува. Безбедноста се нарушува, димензијата на човекови права, хуманитарната помошИмаме цврсти докази дека нашите западни колеги не извлекле никакви поуки од нивните неуспеси. Тие ги користат структурите на ОБСЕ“.

Според него поткопани се сите клучни темели на ОБСЕ:

  • Сè е уништено во политичката сфера. Се одбива да се усвојат бројни договори кои што се насочени кон а безбедност и стабилност. Нема што да се каже и за човековите права“, рече Лавров.

Тој посочи дека наспроти мотото на македонското претседавање со ОБСЕ „За луѓето се работи“, западните дипломати демонстрираат политики “според кои не сите луѓе се еднакви“. А како пример ги посочи, според него, нееднаквите аршини за малцинските права на Русите не само во Украина, туку и во балтичките земји и Молдавија.

Лавров дава малку шанси ОБСЕ да опстои, бидејќи според него САД и ЕУ се грижат за поделбата на клучните функции, а не за суштината. Рече дека предложил рок од три месеци да се изберат првите луѓе на четирите челни позиции, но тоа да бидат вистински луѓе, а “не кукли’ кои ќе им слугуваат на западните интереси.

Кукавици беше најчестиот збор што го користеше Лавров за да го опише однесувањето на западните дипломати, како на Самитот во ОБСЕ, така и за кризата во Украина и на блискиот исток. За европските политичари рече и дека со пари од европските фондови “ја купуваат послушноста“ и на земјите од регионот.

  • Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Но, зошто го направија тоа? Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија. Тие се кукавици, се плашат од вистината, немаат никакви аргументи пред нашите факти. Ова е кукавичност, ништо повеќе“, рече Лавров.

Одговорот на ваквите обвинувања дојде од американскиот амбасадор во ОБСЕ, Карпетнтер:

  • Видете, никој не сака да седи на маса со министерот за надворешни Лавров и да ги слуша неговите лаги, дезинформации и пропаганда, па така ставот за нaпуштање на таа маса е би рекол чин на разум, освен за некој кој не е мазохист“, рече Карпетнтер.

Рускиот министер не гледа никаква одговорност во политиките на Москва ниту за кризата во ОБСЕ , ниту за поткопувањето на  европската безбедност со војната во Украина.

Прашан од Телма, дека кога обвинува за лицемерие на европските политичари, а тргнувајќи од она дека ако за танго се потребни двајца , така е и за дијалог и за  непријателство, кој е поголем лицемер ЕУ, Русија или  сите заедно и кога Русија ќе го преземе својот дел од одговорноста за поткопувањето не само на ОБСЕ, туку и на европската безбедност со инвазијата врз Украина, Лавров со одговор: „Вашето прашање испратете им го на Вашите шефови, ќе бидат задоволни“. Алудирајќи на вообичаениот тон дека се што не е во согласност со ставовите на Москва е диригирана пропаганда на Западот.

Повеќе од десет минути Лавров одговараше на ова прашање на Телма. А клучните аргументи дека тој е во право, а не западните политичари, му беше споредбата на Договорот од Минск и Договорот Белград-  Приштина, чиј гарантор беше ЕУ.

  • „Исто како во случајот на Договорот од Минск кога Франција и Германија се нарекоа – медијатори во име на ЕУ, ЕУ исто така е медијатор и меѓу Приштина и Белград во нивната потрага по договор за статусот на Косово. Тоа беше во 2013-та, а Договорот од Минск беше потпишан во 2015-та. Во двата случаи, да ве потсетам ЕУ е медијатор, во двата случаи европската медијација завршува со нула, со ништо. Европската Унија едноставно ја покажа нејзината беспомошност во двете ситуации. А во двете ситуации станува збор за истата ситуација. За две републики во кои луѓето сакаат да зборуваат на руски, кои сакаат да ги школуваат своите деца на руски, да имаат локална полиција, сопствени органи за спроведување на законот, медиуми на руски и тие да си ги избираат судските власти. Тоа е идентично како правата што требаше да им се дадат на Србите, како дел од српската заедница на Косово. Во двата случаи ЕУ гордо кажа дека одиграла одлучна улога, меѓутоа во двата случаи ЕУ ја покажа нејзината импотентност.
  • Ние сме подготвени да полемизираме, да ја одбраниме иднината, меѓутоа од друга страна има кукавици и оние кои сакаат да ја украинизираат агендата и активностите на ОБСЕ. Русија нема да претрпи пораз на самиот терен“, рече, меѓу другото, Лавров

Со саркастични и на моменти и навредливи  забелешки дека пропагандистички одработуваат своите “шефови’, алудирајќи на западните земји, Лавров ги проследи малкуте прашања кои не беа во функција на  ПР- промоција на политиките на Москва.

За Македонија испрати и порака дека останува на листата на непријателски земји, но, појасни дека тоа не се однесува на македонскиот народ и не е поради луѓето, туку поради властите кои ги следат политиките на Западот.

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе