Вести Култура Македонија

Мето Јовановски беше човек во време на лажни богови , а на сцената беше бог на кој му немаше рамен

Мето беше човек во време на лажни богови, а на сцената, пред и зад камерите беше бог, кажа директорот на Кинотеката на Македонија, на денешната комеморација во Драмски театар, по повод смртта на доајенот на македонскиот театар и филм, Мето Јовановски. Тој не напушти минатата недела во 77 година од животот.

  • Кога ќе застанеше на сцената, најчесто на оваа сцена, на која што сме сега, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите, тогаш стануваше бог. Поголем од сѐ. И му немаше рамен, кажа Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Македонија.

Јовановски учествуваше во развојот на македонската, но даде свој прилог и во југословенската, денес регионална кинематографија. Меѓу 90 тв и филмски улоги се оние во: „ Македонскиот дел од пеколот“, „ Татко“ „ Најдолгиот пат“, „ Среќна нова 49“, „ Тетовирање“, „ Македонска сага“, „ Ангели на отпад“ . А, во матичниот, Драмски театар одигра 37 рољи. Незаборавни се неговиот „ Јане Задрогас“, „ Хамлет“, „ Еригон“, и учествата во претставите :„ Диво месо“ „ Тетовирани души“, „ Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „ Коза, или која е Силвија“ и „ My name is Goran Stefanovski“, одиграна последен пат на 26 октомври. Покрај актерството , беше и драмски писател и режисер, кој не сакаше импровизации.

  • Мето имаше и еден невообичаен дар. Дарот на непредвидливото, изненадното, неочекуваното. Бескрајно темелен не само во читањето на сопствениот лик, туку и на читањето на сите релации, кои контекстот на драмскиот текст или сценариото ги воспоставува, порача актерката Милица Стојанова во пораката прочитана од колешката Трајанка Илиева- Велиќ.
  • Имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше го правеше тоа со некоја чудна леснотија. А, во суштина многу тешко е, кажа неговиот колега и цимер од студентските денови, Благоја Чоревски.

За својата успешна работи освои многу уметнички и општествени награди. Беше и професор на Универзитетот „ Еуропа прима“, и почесен член на Црногорскиот народен театар.

  • Театарските и филмските улоги на Мето Јовановски им припаѓаат на најособените уметнички траги, кои остануваат во театарската и филмската уметност, на она културно заедништво кое опстануваше покрај сите предизвици од нашата комлицирана и турбулентна современост, кажа Илија Суботиќ, директор на Црногорскиот народен театар.

Беше испеана неговата омилена песна „ Со маки сум се родила“, а присутните му оддадоа последна почит со долг аплауз. Јовановски беше погребан вчера во Алејата на заслужните граѓани во Бутел. Остануваат неговиот шал, торба и капа, да сведочат за импозантната кариера за пример на сегашните и идните генерации.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

В.д. премиерот од Форино сам треба да си го уреди сопствениот двор – Арсовска му одговори на Џафери за обраснатата трева во владата

Дејан Дејан

Џафери ја прозва Арсовска за косење на тревата во владиниот двор

Дејан Дејан

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе