Uncategorized Вести Македонија

Истражување: Насилството владее во школите, но децата или не го препознаваат или не го пријавуваат

Насилството владее во училиштата, особено во основните- потврдуваат 43,4% од учениците во истражувањето за информираноста на децата за нивните права спроведена од Фондацијата „Чекор по чекор“ и народниот правобранител. Вербалното насилство е најчест облик на насилство, а жртви се децата кои се од сиромашни семејства, оние со попреченост и помирните ученици. Причините за насилството се љубомора, покажување сила и доминантност пред другите. Најчесто момчињата се сторители на насилство, а голем број од жртвите не знаат како да постапат.

 „Се надеваме дека ова истражување и препораките што се дадени од експертите ќе допрат до родителите, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование со цел да работат со децата и да внесуваат програми и содржини кои ќе значат поголема едукација на децата, дијалог, поголемо запознавање на децата со конвенцијата и секако охрабрување на децата да ги пријават ваквите случаи“, вели Васка Бајрамовска Мустафа, заменичката на народниот правобранител.   

Голем дел од децата се жртви и на интернет насилство, но не се ни свесни за тоа затоа што не можат да го препознаат.

„Децата на прв момент викаат дека не доживуваат насилство на Интернет, но кога ќе ги прашаме подетално дали добиле непристојна фотографија или порака кажуваат дека добиле, но тоа не го сметаат за насилство. Тоа загрижува“, вели Наташа Анѓелеска, проектен менаџер на проектот „Децата на прво место“ .

Оваа година стигнале 191 претставка до народниот правобранител за повреда на правата на децата. 20 Ноември е светскиот ден на детето, а оваа година се одбележува 30 –  годишнината од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето од страна на Република Северна Македонија и 30 –годишнина од работата на УНИСЕФ во земјата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе